За Нас

ДВОРНИК ДОО Производство и продажба на лична заштитна опрема (ХТЗ опрема)

Дворник претставува водечка компанија во Mакедонија за продажба на заштитна опрема при работа.
Oва го потврдува мрежата на потрошувачи, чиј број е над 1500 фирми корисници на заштитна опрема,
меѓу кои се вбројуваат големи македонски градежни компании и металуршки гиганти.

Друштвото е основано во 1990 година и досега бележи постојан раст кој се должи на континуираната и професионална работа. Со локација во центарот на Скопје, во близина на Градскиот парк, со одличен пристап и паркинг места, на своите потрошувачи им нуди брза и квалитетна услуга. Комерцијалниот и магацинскиот дел се сместени во сопствени простории на друштвото, кои се во еден склоп, што овозможува комплетна услуга од нарачка до испорака, сè на едно место во најкратко време. Постојаната залиха на производи овозможува испораката до крајниот потрошувач да се изврши во истиот момент по дадената нарачка, без чекање и одложени испораки. Со малопродажниот дел овозможено е и индивидуалци да ги купат потребните производи за заштита при работа.

Во гамата на производи на Дворник застапени се водечки европски и светски компании во доменот на заштитата при работа.

Во делот на производството, Дворник увезува висококвалитетни материјали, кои преку лон систем ги конфекционира во готови производи наменети за секоја дејност. Во својот асортиман нуди и специфични одела изработени од температурноотпорен и антистатик материјал. Целта на Дворник е да обезбеди за сите профили на работа квалитетна заштитна опрема, која ќе овозможи работникот да се чувствува удобно и пријатно во текот на работниот ден, а при тоа да биде заштитен од можните ризици кои ги носи работното место.
Увозник и застапник е на следните светски фирми:

– DPI SEKUR – Italy

– LEWER – Italy

– HONEYWELL SAFETY – USA

– PORTWEST – Ireland